30.09.2020

Најдобрите вили на Маврово достапни за резервирање: Вила Ризанди

Најдобрите вили на Маврово достапни за резервирање: Вила Ризанди

Еко Кајак.мк ве запознава со најубавите приватни сместувачки капацитети на Маврово и околината, а воедно ви дава можност да резервирате за вас и вашите најблиски.

Денеска сакаме да ве запознаеме со Фадил Зендели. Сопруг и татко на две деца, кој вели дека го посветил живото да изгради вакво сместување кое ќе биде воедно и нивен мал фамилијарен бизнис.

Вилата Ризанди се наоѓа во населбата Маврови Анови, во неа има три соби за спиење, една дневна соба со опремена кујна, греењето е централно со систем преку каминот. Предноста на вилата е што располага со прекрасен погед кон Мавровско езеро, а има и прекрасен двор каде се наоѓа скара за гостите.

При секое запознавање со сместувачките капацитети на Маврово, еко-концептот на Кајак.мк има цел да ве запознае и со атрактивни туристички локации кои ќе ви го направат вашиот одмор активен.
Вила Ризанди можете да ја резервирате на: 
071323666

Наш предлог, за оние храбрите туристи, е посетата на Корапскиот Водопад(Пројфелски Водопад) кој е водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Но и доколку тој не тече, сепак регионот е прекрасен за посета. 

Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат меѓу 70 до 138 метри. Точната висина на водопадот може да зависи и од различните точки кои се земени при различни мерења. Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м,а а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.

Извор: wikimedia.org

Водопадот се појавува со топењето на снегот на пролет. Најголем интензитет има кон крајот на мај и почеток на јуни, а понатаму во текот на летото, губи од својaта јачина. Крајот на летото и почетокот на есента, водата само се лизга по карпите, а во сушни години комплетно пресушува.

Најдобриот пристап до водопадот е преку долината на Длабока Река. Може да се пристапи од левата страна на реката преку селата Нистрово и Жужње, или од десната страна преку Бибање, покрај врвот Кабаш. Патекети се тесни и слабо обележани, а на неколку места треба да се преминува реката преку необезбедени премини. извор: https://mk.wikipedia.org

Кајак.мк ве советува ова туристича атракција да ја посетите со лиценциран и искусен планински водич, бидејќи секое искуство на планината е неопходно за секого кој првпат се качува на неа. 


Приватни сместувања идеални за време на дожд



Остави Коментар

Коментари

  • Ljupka urumova

    03.01.2022 16:20

    Dali e slobod.od 07-10.01.2022 god

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.