31.01.2023
Предлог викенд гастро дестинација: Село Владимирово во ресторанот Бастион
Предлог викенд гастро дестинација: Село Владимирово во ресторанот Бастион
Уште еден предлог за викенд гастро дестинација на
платформата Кајак.мк. Дали некој од вас слушнал за ресторанот Бастион во селото
Владимирово? Сигурно ќе имаме доста одговори со „Да“ бидејќи „Бастион“ е ресторан-амбасадор на село Владимирово.
За оние кои немаат слушнато за село Владимирово треба да го додадат ова ридско селце на листата за посети во 2023-та година.

Сместено е во општина Берово на надморска височина од 850 метри. Од самиот град Берово е оддалечено 8 километри со кој е поврзан со локален пат. Во селото ќе го најдете прекрасниот ресторан Бастион, каде може да ја вкусите гастрономската традиција на Малешевијата.

Ресторанот има топол и прекрасен ентериер. Пријатна и тивка атмосфера со одличен персонал. Менаџментот на ресторанот верува дека храната треба да биде вкусна, а не само да се јаде. Од тие причини ресторанот има свое мени со автентични специјалитети, комбинации од најдоброто од традиционалната македонска кујна со модерни пресврти.

За оние кои ќе се
одлучат да го посетат ресторанот, тимот на Кајак.мк ги советува да нарачат
традиционалана бастион даска како предјадење, а на која може да се најде
малешевско овчо сирење, малешевско кравјо сирење, пиперка во кајмак, свинско од
тегла и локални макала.
Како специјалитети на куќата се клисите. Можете да најдете најобични клиси, со праз, на плотна со кромид, па плотна со кромит и вргањ, а има и бургињон со свински бифтек.

За оние кои сакаат специјалитети по нарачка може да нарачат мазник
(зелник) со праз, сирење и кисело млеко, а во ресторанот се подготвува и печено
јагне, јаре и прасе.
Повеќе информации
за точна локација, контакт за резервација и насоки преку мапата, можете да
најдете со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Asparuh Kalasnikov
03.02.2023 08:58
Бургињон со бифтек - типично малешевско традиционално јадење :))) ц ц ц мкд мизерија
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.