29.04.2020
Виз Ер ќе лета од 1 мај со нови правила
Виз Ер ќе лета од 1 мај со нови правила
Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер која е присутна и кај нас ги соопшти новите правила на игра кои ќе ги применува од 1 мај, пишува мастило.
Екипажот и патниците да носат заштитни маски, да се одржува физичка дистанца пред чекирање, како и при влегување и излегување од авион, а на летови каде што ќе има можност да се обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците, предвидуват новите дополнителни мерки.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА СО ЕДЕН КЛИК: Не резервирајте авионски билети |
– Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, Wizz Air воведува нови протоколи во согласност со владините регулативи – да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракцијата на аеродромот. Употребата на киосците за самостојно оставање багаж (таму каде што е достапно) и брзите ленти за безбедност на аеродромите, се високо препорачани од страна на авикомпанијата за понатаму да се обезбеди и физичка дистанца пред чекирање во авионот. За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот – стои во соопштението од авиокомпанијата.
Оттаму дополнуваат дека ХЕПА филтрите на сите нивни авиони филтрираат до 99.7 проценти од вирусите и бактериите од воздухот во кабината, но оти екипажот и патниците ќе треба да носат маски за време на летот.
| ЧИТАЈ ПОДОЦНА СО ЕДЕН КЛИК: Кои европски земји и кога ќе го отворат туризмот ова лето? |
– Екипажот ќе им достави на сите патници марамчиња за бришење, додека отстранувањето на магазините на летот и охрабрувањето за бесконтактно плаќање при купување за време на летот се мерки кои се воведени со цел да се намали физичкиот контакт. На летови каде што ќе има можност, екипажот ќе обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците – наведуваат од Виз Ер.
Засега нема официјални најави кога ќе се нормализира одвивањето на авиосообраќајот на двата македонски аеродромa.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Грција: Од 1-ви јуни се отвaраат угостителските објекти
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.
Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес
Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.