27.05.2023
Тим билдинг во мај кој му пркоси на дождот и студеното време
Тим билдинг во мај кој му пркоси на дождот и студеното време
Пред самиот крај на месец мај, тимот на Кајак.мк чувствува
должност да ги сподели сите тим-билдинг патувања на кои беше организатор и преку кои заедно со
компаниите даде
дирекна поддршка на локалната економија во Македонија.
Пред сѐ, треба да потенцираме дека ваков дождлив и студен Мај досега не сме виделе, па оттука сите наши четива кои ќе ги споделиме во наредниот период ќе започнуваат со: Тим билдинг патувањата кои му пркосат на студениот дождлив месец Мај.

Компанија со која имавме можност да се дружиме на почетокот на месец Мај е Accent (www.accent.mk). На Accent сакаме да и се заблагодариме на довербата која ни ја даде и ни се препушти во наши раце да организираме едно поразлично тим билдинг патување. Дестинација која ја одбравме на патувањето беше Пониква. За нас Пониква е туристичка дестинација која допрва ќе се развива, а каде групите може да уживаат во слободата која ја нуди планината и чистиот планински воздух.

Одбирајќи да се реализира тим-билдингот во Македонија, компанијата Accent даде дирекна поддршка на неколку локални чинители во овој регион.

Програмата ни започна со посета на семејството Алексови кои се наши пријатели и соработници, а кои го промовираат регионот преку домашната локална храна која се подготвува од свежи состојки од локални градини и фарми. Овде имавме можност да дегустираме млеко од магарица, да слушнеме многу корисни информации и секако да уживаме во руралниот спокој на село Тркање.


По село Тркање, нашата агенда не одведе во Ресорт Магнолија, кој има на располагање затворен базен и спа центар, достапен за сите гости. Пространоста на Ресорт Магнолија ни овоможува да организираме тим-билдинг забавни игри, а околината ни овозможи да го искористиме слободното време за прошетки. За деталите нема многу да откриваме.

Последниот ден програмата ја комплетиравме во прекрасниот ресторан „Осоговска Куќа“ која е позната гастро дестинација. Компанијата реализираше активно пешачење во должина од 7 километри. Им благодариме на Accent што ни ја дадоа поддршката и со самата реализација на овој тим-билдинг донираа 200 дрвца за пошумување, кои ќе бидат засадени за време на есенската сеидба.
Повеќе фотографии
од патувањето можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.
Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк
Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)