18.08.2021
Одгледуваме овци на Галичник, а сирењето е приказна само по себе
Одгледуваме овци на Галичник, а сирењето е приказна само по себе
Се уште имаме уште многу од летната сезона која ни овозможува да го посетиме Галичник, бидејќи зимата таму му пркоси на туризмот и го остава селото да здивне од туристите. Галичник е приказна сама по себе. Галичник е природа, историја и активен туризам во едно. Но, она што нам ни преставува од огромно значење е храната која се произведува на галичкото поднебје.

Ние денеска ќе ви
ја споделиме приказната на Бошко Лепчески, човекот кој може да го запознаете
преку нашите тим-билдинг организации, на кои ќе ве запознае со начинот на производство
на галичкото овчо сирење, а исто така ќе може да го дегустирате
сирењето во неговиот зелен двор на галичката куќа. Доколку сакате да и организирате на вашата компанија уникатен тим билдинг кој ги вклучува нашите локални херои, пополнете го следниот формулар со еден клик ОВДЕ.
Бошко вели дека Галичник е светски познат по преубавото овчо сирење и кашкавал со уникатен вкус. За него и неговото семејство клучен фактор да се занимават со производство на сирење и кашкавал била љубовта кон родниот крај.

Неговите корени потекнуваат од Галичник, а возобновувањето на оваа традиција на неговите предци ја започнавме пред околу 20- тина години, што може да се каже дека работата го вратила да живее повторно во овој крај.

Нивните овци се чуваат на планината Бистра во повеќе трла. Имаат задолжено овчар кој води постојана грижа за овците преку цела година, така што целокупниот амбиент кој доведува до крајниот производ е автентичен во сите фази, поаѓајќи од пасиштата, до крајните процеси како молзењето на овците, па се до производството на сирењето и неговото соодветно презервирање.

Лепчески додава дека одгледувањето овци воопшто не е лесна работа, со оглед на двата периоди од годината, како– летен, кога овците се водат по пасиштата за да ја обезбедат потребната храна со цел да дадат доволно млеко при молзењето, и зимскиот период, кога овците се транспортираат до потопли места за да презимат, од прична што Галичник во зимскиот период не е достапен за возила.

Процесот на преработка на млекото резултира со квалитетно овчо сирење. Покрај популарното сирење, овде се вбројуваат и други млечни производи како урда, кашкавал и слично.

Сирењето е најдобро кога се дегустира во регионот каде се произведува. Од тие причини, нашиот тим го додава Галичник на мапата наместа идеални за организирање тим-билдинг патувања. За оние кои пат не се во можност да учествуваат на тим билдинг патувања преку Кајак.мк, повеќе информации за контакт од Бошко може да најдат во категоријата Гастромонија.

Бошко вели дека
поддршката им ја дават луѓето кои го купуваат нивниот продукт. Оние кои се
љубители на сирењето знаат да проценат квалитет, односно единственоста
на неговиот вкус во форма на онаа специфична нота која остава автентичен белег,
вели Бошко.
Коментари
-
Gordana Pavlovska
19.06.2026 16:15
Kolku je cena na sirenjeto telefon pisete pozdrav.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.