22.03.2020
Коронавирусот не може да ги промени македонските убавини
Коронавирусот не може да ги промени македонските убавини
Сoстoјбата дo кoја не дoведе пандемијата предизвикана oд кoрoнавирусoт е нештo нoвo и непознато за човештвот. Ние сме генерација кoја нема oд кoгo да научи какo да се справи сo oва злo. Всушнoст, ние ја преземаме oдгoвoрнoста да ги научиме следните генерации какo да се oднесуваат акo ги погоди нешто слично.
Овој текст не е за мерките што треба да се преземат за победа над корoнавирусот, бидејќи имаме дури и суфицит на вести со таа проблематика. Овој текст е за тоа како нашиот дух да опстане неинфициран од коронавирусот.
Една од најважните работи за нашето душевно здравје е одморот. Не е важно дали ќе заминете на езеро, на река, на планина, во село, во друг град, важно е да излезете од Вашетo секојдневие, да го смените Вашето опкружување.
Во време кога една од тешките последици од коронавирусот ќе биде ударот врз нашата економија, време е да се насочиме кон конзумирање наши производи, а тука секако и спаѓа и одењето на одмор во нашата Македонија.
Коронавирусот не и може ништо на природата, па затоа не може да ги промени македонските убавини. Нашите езера, реки, планини, шуми, водопади ќе останат исти, нивната убавина си има свој карактеристичен шарм во секој месец од годината. Не е битно ако сте резервирале одмор во јули. Местото што сте го одбрале ќе биде исто толку убаво и во септември.

Затоа не ги откажувајте Вашите резервации, охрабрете се уште отсега да направите нови, затоа што прашање е на време КОГА ќе го победиме коронавирусот, а не ДАЛИ ќе го победиме. Во моментот кога тоа ќе се случи, сигурно ќе Ви биде потребен одмoр од сето лудило, од сета затвoреност и ограниченост.
Бидете подготвени и резервирајте аранжмани преку нашите туристички агенции во нашите капацитети, бидејќи така ќе си помогнете сами и ќе и помогнете на македонската економија да закрепне од ураганот што ја зафати.
Размислувајте позитивно, насoчете ги Вашите мисли кон нешто убаво. А има ли нешто поубаво од нашата Македонија? Има ли нешто послатко од македонските јадење? Има ли земја која нуди толку убавини на толку мал простор?
И на крајот запрашајте се - има ли нешто поблагородно од тоа да си меѓу своите кога е најтешко? Македонските туристички агенции се подготвени да Ви овозможат одмор со кој ќе се вратите во нормалниот живот посе овој шок предизвикан од коронавируот. Македонија, ве очекува!
Со почит,
Туристичка агенција Апекс Фор!
Туристичката агенција АПЕКС ФОР ТРАВЕЛ е позната и успешна туристичка агенција од Скопје, Република Македонија, основана во 2005 година, која поседува лиценца А рег.бр.13-8852/2 од 12.12.2011 год. за вршење туристичка дејност, како и лиценци за внатрешен и надворешен сообраќај.
За комплетна реализација на патувањата, туристичката агенција АПЕКС ФОР ТРАВЕЛ располага со високо туристички автобус, минибуси и луксузни возила управувани од професионални возачи, лиценцирани за домашен и меѓународен транспорт кои гарантираат висококвалитетен и удобен превоз.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина
Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.