Патрициа: Локален водич во Охрид на полски јазик
5,535.00 ден
Резервирајте локален лиценциран водич во Охрид на полски јазик. Тури со локален водич низ Охрид и западна Македонија. За да добиете понуда од водичот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Не пресметувам цена по лице, туку по тура, без разлика на бројот на учесници:
 - Кратка тура (неколку часа, на пр. градска тура во Охрид): 90 €
 - Целодневна тура (на пр. Скопје): 100 €
 - Цената може да варира
 
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до стартната локација на турата
 
Искуство:
Имам 3 години искуство како туристички водич и водам групи на полски јазик.
Дестинации:
Организирам екскурзии низ најубавите места во Македонија, вклучувајќи:
- Охрид
 - Трпејца
 - Свети Наум
 - Турa околу Охридско Езеро
 - Голем Град (Преспанско Езеро)
 - Битола
 - Скопје
 
Омилена тура:
Најомилена ми беше турата до островот Голем Град на Преспанското Езеро, но поради моменталната состојба таму, повеќе не ја планирам. Жалосно е да се гледа таа природна убавина во таква состојба. Сепак, љубовта кон езерото останува, и сакам да им покажам на туристите скриените бисери околу него. Постојат многу места што ретко се посетуваат, а вреди да се откријат – мали и поголеми цркви скриени во планини и шуми, како и стари села со традиционална архитектура. Сето тоа заедно со прекрасните глетки кон езерото нуди уникатно искуство.
ЛОКАЦИЈА