Парк Акватика: Демир Капија

Каде во Демир Капија? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт за резервации: 076 838 358/ 071 248 951

За нашите патувачи од Демир Капија, Неготино и Гевгелија, паркот Акватика е веќе добро позната дестинација, но за оние кои за првпат се среќаваат со овој поим, драго ни е што од денеска ќе бидете побогати со уште една информација.

Акватика Парк се простира во непосредна близина на Демир Капија покрај реката Бошавица. Гостите најчесто го посетуваат местото со автомобили, мотори, камп приколки, а има и доста велосипедисти. До Акватика може да се стигне и со пешачење. Оние кои немаат автомобили, моторни возила или велосипеди, совет од Кајак.мк е да резервираат воз кој води дирекно до Демир Капија, а од железничката страница на Демир Капија до Акватика потребни се околу 30 минути пешачење низ населено место и по самото течение на реката Бошава за да стигнете до паркот.

Со паркот Акватика управуваат млади и амбициозни љубители на природата. Марија која ни ги отвори портите од Акватика за светот на Кајак вели дека пред 8 години дошле до заклучок дека на локалното населелние му е потребно место каде што ќе може да се опушти, да кампува, да ужива во природа или да појде на риболов.

Веќе 8 години, почнувајќи од 2014 година Акватика Парк ја пишува својата успешна приказна, нудејќи им организиран простор на сите вљубеници во недопрената природа на Демир Капија.

Она кое го прави паркот поразличен од стандардните угостителски објекти е тоа што гостите сами си подготвуваат оброкот. Имаат простор за скара, подготовка на специјалитети. Паркот нуди целосна логистиката за нивниот излет односно, простор за скара, фрижидери, тоалети, судопери и инвентар како масички, столчиња, прибор за јадење, чаши и слично.

Гостите уживаат бидејќи начинот на кој што функцинира Акватика Парк претставува можност да се дружат и имаат активности со најблиските.

Покрај негувањето на алтернативниот туризам во Македонија, Акватика Парк поседува и рибници со крап и пастрмка, за кои домаќините се особено горди, што претставува еден предизвик за сите гурмани и љубители на добрата свежа риба.

Марија вели дека гостите се пријатно изненадени кога ќе видат со какви се скриени убавини располага регионот. Додава дека паркот има редовни гости кои си ја знаат својата сенка под дрвцата. Во паркот честопати се организираат и натпревари по риболов како забава, а риболовците со нетрпение очекуваат да го уловат најголемиот крап.

Контакт за резервации: 076 838 358/ 071 248 951

Остави Коментар