Супер Домаќин

Елитен Етно Ресторан „Рибилимус“ – Глуво

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

Елитен Етно Ресторан „Рибилимус“ – Глуво.

Традиција, вкус и доживување – само 9 километри од Скопје

Добредојдовте во Елитен Етно Ресторан Рибилимус, сместен во едно од најстарите села во Македонија – Глуво, на југозападните предели на волшебната Скопска Црна Гора. Само десетина минути возење од Скопје, а веќе сте во свет на традиција, автентични вкусови, чист воздух и топла, домашна атмосфера.

Нашиот тим ви нуди совршена викенд комбинација – планина + гастрономско уживање. Идеално место за одмор, истражување и славење убави моменти.


Капацитет & Услуги

  • Капацитет: 100 гости
  • Работиме цела година
  • Паркoг од 1000 м² + хелиодром
  • Можност за организација на:
    • Родендени
    • Групни прослави
    • Мали свадби
    • Специјални настани
  • Посета до локален манастир со организиран превоз
  • Во топ 5 дестинации во Македонија за викенд излет

Традиционална етно трпеза

Во Рибилимус се служи вистинска македонска домашна храна, подготвена по рецепти што се пренесуваат со генерации:

  • Домашна пита
  • Чварки
  • Печена пиперка
  • Ајвар
  • Туршија
  • Макало
  • Пинџур
  • Сирење
  • Пача
  • Купуз
  • Кисело млеко

Традицијата е вкус!


Специјалитети на куќата

Нашата кујна носи уникатни вкусови што ги паметите:

Месо во тегла – Тава Рибилимус

Специјалитет кој го слави македонскиот автентичен вкус.

Тава Чварка

Чварки, праз, суви везени пиперки, полиено со домашни јајца – вкус кој буди носталгија.

Тава Полжав

Зачинети полжави со домашен селски лук – вистинско гурманско изненадување.

Тава Овчо сирење со ајвар

Домашен ајвар и печено овчо сирење – топло, кремасто и незаборавно.

Тава Овчо сирење со љутеница

Совршено споени – домашна лутеница и стопено овчо сирење.


Атмосфера & Доживување

Рибилимус е место каде:

  • вкусот се спојува со традицијата
  • убавиот етно амбиент ве релаксира
  • акстичната музика го збогатува искуството
  • пријателите стануваат фамилија, а моментите – спомени

Тука ги поминувате најубавите моменти, тука се враќате пак – затоа што Рибилимус е место што се познава.

Можете да резервирате и престој со еден клик ОВДЕ.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар