Супер Домаќин
СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН
PaintBall во Скопје: Авантура во PaintBall Arena
Skopje
Цена од:
600.00 ден
Пеинтбалл арена во Скопје. Организирајте го друштвото и испратете барање за резервација на термин. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор во текот на денот со вклупна цена. За закажување на термин потребни се минимум 8 лица.
Вклучено во цена:
- Цените се опишани во самиот опис на текстот
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
- Храна
Paintball Arena BEST – Скопје
Уживајте во возбудлива игра во Paintball Arena BEST, лоцирана на улицата Јустинијан Први (Драчевска б.б.). Арената е одличен избор за љубителите на адреналин, родендени, тим билдинзи и други групни настани.
Што нуди Paintball Arena BEST?
- Разновидни терени: Повеќе терени со препреки, погодни за различни стилови на игра.
- Организација на настани: Идеално место за родендени, тим билдинзи и други групни активности.
- Опрема: Обезбедена е целосна опрема за играчите, вклучувајќи заштитна опрема и маркери.
Цени
- Редовен термин: 600 денари по лице за 100 топчиња и комплетна униформа преку ден; 650 денари навечер. Користењето на теренот е до 1–1,5 час.
- Роденденски термин: 650 денари по лице за 100 топчиња, комплетна униформа и гратис пијалак. Користењето на теренот е до 2 часа. Гостите може да донесат своја храна и пијалаци или клубот да ги организира.
- Тим билдинг: 650 денари по лице за 100 топчиња и комплетна униформа. Терминот трае до 3 часа, зависно од големината на групата и избраните активности:
- Стрелаштво со лак и стрела: 200 денари за 6+1 стрели
- Гаѓање со воздушна пушка: 200 денари за мета и 6+1 дијаболи
- Влечење јаже: 100 денари по учесник
- Дополнителни топчиња: 400 денари за секои 100 топчиња.
Важни информации
- Потребни се најмалку 8 играчи. Ако групата е помала, се наплаќа како за 8 играчи, со вклучени 800 топчиња.
- Истовремено може да играат најмногу 32 играчи. Поголемите групи се делат во повеќе групи.
ЛОКАЦИЈА
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.