НОВО
Супер Домаќин
СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Мозаична работилница од стар рециклиран текстил: Нова работилница од тимот на Кајак.мк

Мозаична работилница од стар рециклиран текстил: Нова работилница од тимот на Кајак.мк. Ова работилница може да се организира низ цела територија. Испратете барање за резервација и очекувајте понуда во текот на денот. Практикувајте барања по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за организаторите.


Вклучено во цена:

  • Цената варира во зависност од барањата, локацијата, бројот на учесници
  • Во понудата може да бидат вклучени повеќе услуги како:
  • Организиран превоз
  • Храна
  • Пијалоци
  • Дополнителни работилници

Не е вклучено во цена:

  • /

Новите тим билдинг настани кои ги организира тимот на Кајак.мк ќе бидат збогатени со уште повеќе нови и креативни работилници, создадени со една цел – тимовите да доживеат нешто поинакво, да се забавуваат, да создаваат и од настанот да понесат нешто свое.

Една од новите активности е креативна работилница инспирирана од стара традиционална јапонска техника, преку која парчиња текстил и материјали што повеќе не се користат добиваат нов живот – претворени во уникатни мозаични дела.

Наместо класична тим билдинг активност, ова е неколкучасовно креативно патување. Секој учесник добива своја основа и дизајн, избира материјали, комбинира бои и дезени и чекор по чекор создава сопствено дело. Не е потребно претходно искуство или посебна уметничка вештина – доволна е желбата да се проба нешто ново.

Посебен дел од работилницата е повторната употреба на стари и неискористени материјали. Наместо да завршат како отпад, малите парчиња текстил стануваат дел од нова слика. А бидејќи секој учесник сам ги избира комбинациите, на крајот нема две исти дела.

Работилницата може да се организира во текот на целата година и на различни локации низ Македонија – во хотел, винарија, ресторан, планински комплекс, конференциски простор или друга локација како дел од поголем настан или патување. Тимот на Кајак.мк ја обезбедува потребната опрема и материјали и ја води целата активност.

Концептот е идеален за компании и тим билдинг патувања, но и за девојачки забави, родендени, приватни настани и спонтани собири на пријатели кои сакаат неколку часа да ги заменат телефоните и секојдневието со нешто што ќе го создадат со сопствени раце.

На крајот, секој учесник ја задржува својата креација и ја носи дома како спомен од заедничкото искуство.

Остави Коментар