Ски школа Љуботен
1,500.00 ден
Ски школа Љуботен
Вклучено во цена:
- Цена по лице од ден
- Обуката трае од 09:00-13:00 часот
- Обуката вклучува и храна и сокчиња
- Транспорт од Тетово
Не е вклучено во цена:
- Ски опрема (со можност за доплата)
Ски-школа „Љуботен“ на Попова Шапка
За школата
Ски-школата „Љуботен“ ја организираат Вук и Бојан, двајца млади и амбициозни инструктори на Попова Шапка. Во текот на една сезона, тие обучуваат околу 500 деца и ги запознаваат со скијањето и зимските спортови.
Програма за обука
Групите се формираат според искуството на децата:
- Почетници кои сакаат да ги научат основните техники на скијање
- Деца со искуство кои сакаат да ги усовршат своите скијачки вештини
Школата располага со два полигона. Првиот е наменет за почетници, а на вториот се вежбаат техниката и кондицијата, како подготовка за обука на ски-патеките.
Пристап и услови
Инструкторите се стремат да му посветат доволно внимание на секое дете и да му помогнат правилно и безбедно да управува со скиите. За успешна обука важни се и соодветната опрема и добро подготвените терени.
Скијачка сезона
Школата работи во текот на скијачката сезона, чија должина зависи од временските услови. Организаторите се задоволни од интересот и забележуваат дека сè повеќе деца се определуваат за активен одмор и зимски спортови. По обуката, децата можат да продолжат да скијаат на терените во Македонија и пошироко.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Влатко Данилов
24.11.2024 12:13
Имам внуче 7,5 години второ оделение. Сакам да го дадам во школо за скијање. Ме интересираат цените и условите. Досега нема скијано и нема скии, чевли и штапови. Колку чини еден ден, колку часа дневно? Дали работи школото само викенди, распуст или и во работни денови? Дали е вклучена и ски карта во цената. Колкава е групата? Благодарам на одговорот
-
Мимоза Котларова
11.01.2024 15:51
Здраво, ме интересира дали школата има организиран превоз и за деца од Скопје, и доколку има како е тоа организирано и дали се плаќа дополнително. И колку чини ски опремата ако се изнајми од кај вас. Ви благодарам однапред.
-
Марјан Костов
24.01.2023 12:53
Ме интересира колку денови трае школата, дали има старосна граница и колку чини сето тоа
-
Тим на Кајак.мк
14.01.2022 16:27
Драга Љупка, Ве молиме јавете се на 072260915 Ова е бројот од школата. Секое добро, Кајак тим
-
Ljubinka Damjanovska Krstikj
14.01.2022 16:18
Pocetnik, devojce 11 god