Супер Домаќин

Рафтинг на Тара: 2 ноќи со храна

Bosnia and Herzegovina Цена од:

9,225.00 ден

Турата може да се реализира со минимум 10 лица. Доколку сте компанија, приватна организација, друштво, можете да испратите барање на формуларот и селектирање на периодот од-до. Исто така би сакале да ни потенцирате од кој град сакате да има организирано превоз.


Вклучено во цена:

  • Цената по учесник се движи од 140 до 160 евра во зависност од периодот
  • Во цената е вклучено 2 ноќевања во бунгалови, храна, рафтинг тура, опрема, осигурување, фотографии
  • Целосна координација на програмата и логистика

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Пијалоци за време на престојот и во вечерните часови

Рафтинг тура – Тара и Дрина (Групна понуда)

Услови за реализација

Турата може да се реализира со минимум 10 лица. Доколку сте група од најмалку 10 лица (компанија, приватна организација или друштво), потребно е да испратите барање преку пополнување на формулар и да го наведете периодот (од–до) во кој сакате да се реализира турата.

Исто така, во барањето треба да се наведе градот од кој сакате организиран превоз.

Што вклучува понудата

Понудата е со 2 ноќевања и вклучува:
Еден полн пансион
Еден полупансион
33 км рафтинг тура на реките Тара и Дрина
Туристички такси
Осигурување за време на целиот престој
Комплетна опрема за рафтинг
Превоз од базата до почетната точка на рафтинг турата

Програма на патувањето

Прв ден
Пристигнување во кампот во 20:00 часот. Постои можност за пристигнување во било кој дел од денот, со претходна најава на групата. Сместувањето е во бунгалови (двокреветни, четирикреветни и петкреветни). Повеќето бунгалови имаат сопствено купатило, а останатите користат заеднички модерно уредени купатила. Доколку е потребно сместување со приватно купатило, тоа треба да се наведе при резервација. Првиот ден се започнува со вечера.

Втор ден
Појадок, ручек и вечера. Во текот на денот се реализира рафтинг турата.

Трет ден
Појадок и одјавување од кампот.

Храна

Оброците се базирани на 100% домашна храна и се обилни без ограничување на порции. Понудата вклучува јунешко и телешко месо под сач, скара, појадок со домашна пршута, сирења, кајмак, сланина и друго. За време на рафтингот се обезбедува топла ужинка и колачи. Доколку има гости со посебен режим на исхрана (алергии, вегетаријанци, вегани и сл.), тоа треба однапред да се наведе.

Опрема и транспорт

Секоe лице добива комплетна рафтинг опрема: водоотпорно одело, чизми, сигурносен елек и кацига. Превозот од кампот до почетната точка се врши со теренски возила, а враќањето е со чамци.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Дарко Димов

    12.05.2024 20:40

    Во моментов сме 5 луѓе. Би сакале да ни организирате за период 24-26 Мај 2024. До локацијата би стигнале сами.

Разгледајте повеќе атракции