Дворче за пикник покрај Треска
1,000.00 ден
Просторот можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице за престој преку ден од 10 до 22 часот од 1.000 денари
- Wi-Fi
- Паркинг
- Простор за скара/ќумур
- Прибор: Вилушки, ножеви и чинии
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Дворче за пикник покрај реката Треска – Матка
Уживајте во уникатен простор за одмор и дружење, сместен во живописниот дел на кањонот Матка, веднаш до брегот на реката Треска. Опкружен со густа шума, овој простор нуди природна сенка и пријатна свежина во текот на топлите летни денови.
Изнајмување на простор
Може да се изнајми само задниот дел од дворот за групи до 8 лица или целиот двор како целина за групи до 20 лица.
За покомфорно искуство, се препорачува бројка од 12 до 15 лица. За групи над 10 лица се користи и крајбрежниот дел на реката, со можност за разладување и уживање во природата и погледот кон кањонот Матка.
Опрема и содржини
Просторот е опремен со голема скара, ќумур за подготовка на скара, летна кујна со мало шпоретче за готвење, прибор за јадење (вилушки, ножеви, чинии), садови за еднократна употреба, надворешен тоалет и простор со директен излез кон реката.
Важна напомена
Терасата претставува задниот дел од вилата, која можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ, доколку сакате и сместување за преноќевање.
Работно време
Летната тераса се издава од 10:00 до 22:00 часот.
ЛОКАЦИЈА