Последно бегство за ова лето, куќичка со приватен базен
07.09.2026 до 11.09.2026 (4 ноќевања)
6 возрасни
• 2 деца
Цена од 24,000.00 ден
20,000.00 ден
дрвена А-frame куќичка со приватен базен, скриена меѓу овоштарници и зеленило во близина на Македонска Каменица. Целата куќичка е само за вас и вашето друштво, без споделување со други гости.
Промоцијата важи за престој од 07.09 до 11.09.2026, за група до 6 возрасни и 2 деца. Внатре ве чека отворен дневен простор целосно во дрво, целосно опремена кујна, две спални и романтично поткровје под самиот врв на кровот, со клима за топлите и дрвена печка за постудените денови.
Надвор имате приватен базен со лежалки, покриена сенка со голема трпезарија и ѕидана скара со фурна, идеални за дружби. Наоколу е мир, поглед кон ридовите и река во непосредна близина, а до Македонска Каменица се стигнува за неколку минути со автомобил. Бесплатен приватен паркинг на самото место и WiFi.
Совршена понуда за семејство или друштво што сака одмор во природа и базен само за себе, по цена намалена од 24.000 на 20.000 денари.
Дрвена куќичка со приватен базен и поглед кон Осоговските планини. Испратете барање за резервација со селектирање на датумите. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор на смс, вибер и мејл со вкупа цена по што можете да потврдите. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
ЛОКАЦИЈА
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Коментари
Дејан Митровиќ
19.08.2026 01:11
прекрасна вила, прекрасни домаѓини, сите пофалби, се чисто, се скоцкано, убавини