18.08.2026

Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!

Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!

Кајак.мк секогаш прв ги носи новитетите од туризмот во Македонија и ги открива местата за кои вреди да се знае. Токму овде туристите можат меѓу првите да се запознаат со новите, уникатни и поинакви сместувања кои се појавуваат низ земјата. Нашата мисија е да ги пронајдеме скриените места, да ги раскажеме нивните приказни и да ги направиме достапни за сите кои сакаат да ја истражуваат Македонија. Денес ве водиме во една прекрасна планинска оаза скриена во шумата, на само 7 километри од Делчево.

Погледнете повеќе информации и опција за резервација со еден клик ОВДЕ.


Опкружена со борова и дабова шума, оваа дрвена куќичка е создадена за оние кои сакаат мир, природа и целосна приватност. Во непосредна близина нема други куќи и сместувачки објекти, па утрата овде започнуваат со тишина, чист воздух и поглед кон природата. Куќичката располага со две спални соби, простран дневен престој, целосно опремена кујна, Wi-Fi, приватен паркинг и камин на дрва кој ја создава вистинската планинска атмосфера. Во неа може да престојуваат до 6 лица, што ја прави одличен избор за семејства, парови или друштва кои сакаат да побегнат од градското секојдневие.


А кога ќе посакате да ја истражите околината, на само околу 700 метри од куќичката се наоѓа Киселичка пештера, додека шумата околу вас повикува на прошетки и авантури во природа. Ова е место каде можете да го забавите темпото, да запалите оган во каминот и едноставно да уживате во друштвото на луѓето со кои сте дошле. Цената за наем на целата куќичка започнува од само 3.500 денари, што ја прави одлична идеја и за спонтано викенд-бегство. Уште едно ново место на туристичката мапа на Македонија кое отсега можете да го откриете и резервирате преку Кајак.мк.

Погледнете повеќе информации и опција за резервација со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.