13.11.2024
Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер
Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер
Тимот на Кајак.мк ќе го започне четивото со реченицата: Македонија има многу од храна за која мал процент од населението слушнало.
Целта од постоењето на платформата на Кајак.мк е да ве запознае со сите локални херои кои создаваат мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија, баш онаков како што треба да биде.
Туристите кои ни
доаѓаат во државата, ни коментираат дека Македонија го има задржано стариот
добар вкус на сите природни состојки. Истите тие странски туристи ни потенцираат
дека треба да направиме сѐ за
да го зачуваме ваквиот вкус и да го промовираме насекаде во Европа.
Жената која својот живот го посветува во зачувувањето и негувањето на традиционалниот начин на одгледување и производство на домашен македонски пипер е Даниела Мандровска.
| Дали можеби и вие познавате некој ваш близок кој произведува локална храна? Доколку ДА, тогаш контактирајте веднаш со Кајак.мк за да направиме добра промоција. Промоциите за локалците се целосно бесплатно. Кликнете ОВДЕ. |

Даниела живее во село Буково во самото подножје на Пелистер. Таа е сопруга, мајка на две ќерки и производител на буковска пипер- зачин кој полека го освојува светот.

Даниела вели дека со производството на буковска пипер се занимава долги години, тоа за неа е семејно наследство кое се произведувало во нејзиното семејство многу години, а во ниту еден наврат не помислила да ја прекине оваа традиција, туку напротив, со гордост да ја продолжи.

Приказната за
буковка-пипер се испишува на 750 метри надморска височина во атарот на село
Буково, каде таа заедно со својата фамилија одгледуваат пиперки од посебно природно
буковско семе, кое семе е автентично и успева само во Буково. Во одгледувањето
на пиперката, Даниела вели дека не користат никакви машини и дека обработката е
рачна, бавна и природна со посебни алатки.
Од истите тие природни пиперки, произведуваат Буковска толчена пипер- лута и обична, буковски црвен пипер, а овде е и буковското нане.

За секој уникатен
вкус потребно е време и трпение, Даниела вели дека процесот од нива до трпеза
трае скоро половина година.
Започнуват со пролетното садење во леи, потоа мајско расадување на израснатите растенија во нивите. Одгледувањето е клучниот сегмент на кој мора да се посвети многу љубов и внимание, пиперките бараат постојано обработување на почвата, наводнување, како и контрола. Бербата започнува со првата црвена пиперка во месец август.

Откако ќе се
оберат пиперките, следува нивно нижење и отпочнување на процесот на сушење на отворено
се додека е уште топло. Со надоаѓањето на есенските дождови, полуисушените пиперки
се пренесуваат во мали затоплени простории во кои има мала печка што достигува
температура и до 80 степени. Ваквите простории се нарекуваат сушарници и се
последната фаза од сушењето на пиперките, за потоа истите тие да се „грушат“ и
да се истолчат во дрвено кутле со ќускија, вели Даниела.
Ваквите уникатни
производи кои ги произведува Даниела може да се нарачат дирекно на телефонскиот
број, а наскоро ќе бидар достани и во бакалницата на Кајак.мк
+38976984016
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
5 скриени села во Македонија каде времето застанало
Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница
Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.
10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите
Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.
Активен и авантуристички туризам 2026: Зошто „Sweat Jetting“ ја води туристичката сцена
Откријте зошто глобалниот тренд „Sweat Jetting“ ги менува патувањата во 2026! Активен туризам, авантуристички тури, кајак, трекинг и фитнес патувања за авантуристи.
Предлог пролетни сместувања во Македонија
Предлог пролетни сместувања во Македонија на Кајак.мк