21.09.2020

Дали сте слушнале за „Куќата на Мијаците“ каде можете да спиете?

Дали сте слушнале за „Куќата на Мијаците“ каде можете да спиете?

Понеделнички Кајак.мк ви ја претставува "Куќа на Мијаците" во Ростуше која не е обичен етно-ресторан и хотел, во кој може да ги вкусите и запознаете мијачките врвни специјалитети, напротив тој е своевиден прв музеј на мијачката култура и традиција. И тоа е еден од предизвиците, кој, еден ден сигурно ќе ве донесе во реканскиот крај.


Освен што ресторанот е изграден целосно во духот на мијачката неимарска архитектура, во внатрешноста се наоѓаат фотографии од познати Мијаци, но и други луѓе, кои живееле на овие простори пред стотина години. Преку фотографиите и ентериерот, лесно може да патувате во времето и да ја запознаете нивната традиција, секојдневни обичаи, како и адети при прослави.


Вработените, чија работна облека е мијачка носија, се секогаш тука да ви раскажат и помалку познати историски факти за Мијаците.

Етно-ресторанот и музеј, се наоѓа на патот кон Бигорскиот манастир, на 25 километри од Маврово.
Повеќе информации, околу цените, храната и преноќувањето, може да добиете на телефонот 070378333.


Таа е составена од приземје и два ката. Има четири гостински соби за преноќување. Другите два ката со површина од околу 500 м2 се наменети за ресторанот со повеќе простории, украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден

Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.

Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија

Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.

Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации

Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.

Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!

Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!

Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?

Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?