07.09.2022

Филигранството ми отвори еден нов свет без монотонија

Филигранството ми отвори еден нов свет без монотонија

Позитивните приказни кои ги објавува Кајак.мк а кои се поврзани со луѓето во Македонија ги има многу.

Денеска ќе ја надполниме нашата листа со приказната на Ана Славковска која за себе вели дека е истражувач на филигранот од срмен конец, ентузијаст кој сака да ги криши досегашните правила на техниката и основач на „Ателје за филигран од срмен конец Ефимина Филигран“.

Ана вели дека со занаетот се здружила пред 4 години. Но додава дека пред да започне со изучувањето на техниката, имала чувство дека оваа професија ја привлекува и дека ќе ја работи во иднина. Со започнувањето на пандемијата, Ана имала повеќе слободно време и ваквите околности ја поттикнале да гледа на занаетот како можност за финансиска сигурност.


Дополнителен поттик и била монотонијата од веќе понудените производи на пазаот, за кои како што вели, забележувала дека се повторуваат и се изработуваат на сличен начин со недосиг на оригиланост.

При самото започнување, Ана направила листа на мотиви кои традиционално се изработуваат во филигранството со срмен конец. Желбата да вметне нешто ново во нив и се остварила со спојување на елементи од Zentangle и Doodle Art правците.


Нејзините први мотиви се пеперутката "Бута" и бувови, а при креирањето на мотивите секогаш се водела тие да бидат автентични, авторски пред сѐ и целосно завршени. Особено внимание посветувала на мотивите да не се изработуваат и со златен и со сребрен конец.

Секој занаетчија вложува труд и време во создавањето на едно дело. Ана вели дека процесот зависи од сложеноста на мотивот. Прв чекор е осмислувањето на дизајнот, па потоа следува обезбедување материјал и изработка. Ваквиот процес може да трае од месец до 6 месеци, а како пример за долг процес на изаботка го истакнува Слончето.


Создава неколку верзии и потоа го прочистува. Изработката вообичаено е од 1 час до 9 часа. Техниката се учи лесно, но финесите за да се добие финалниот производ се откриваат со самата изработка. Кај некои мотиви битна е подлогата од лепило, бидејќи кај некои потребно е да се направат добри споеви на почетокот и крајот на конецот. Крајниот чекор е изборот на рамка која е многу важна во презнтацијата на мотивот.


Во кратки црти: потребно е срма, лепак моден картон. Дизајнот се пренесува со индиго на картонот, на контурите се нанесува лепак и се аплицира конецот.


Ана вели дека можеби е од навика кај луѓето но, најбарани се пеперутките. Всушност и кога им презентирала на купувачите што изработува, во моментот кога ќе ја спомене пеперутката на сите им е јасно што би сакале да купат.

Повеќе за работилницата и ателјето на Ана можете да најдете на фејсбук страницата „Ателје за срма Ефимија Филигран“ а нејзините дела во крижарницата „Хартија ПС“ во ТЦ Лисиче. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер

Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.