Traikovsky Wines & Spirits: Барово, село Крњево

Каде во Кавадарци? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Винаријата и дестилеријата Трајковски се наоѓа во еден од најубавите предели во Македонија за кој Билјана вели дека е регион кој го користеле нивните предци. Нивната намера е да останат овде и да продолжат да се водат според старите филозифии, методологии и пракси.

Во рурална домашна атмосфера, опколени со пространи лозови насади и со чаша пијалок од брендот Traikovsky Wines & Spirits, тимот на Кајак.мк го започна разговорот со Билјана Трајковска која заедно со семејството испишуваат една уникатна приказна што ја прави Македонија земја-вредна за посета.

За нас нема ништо поубаво од тоа да отпатуваме во регионот на Барово кој е на 700 метри надморска височина и да уживаме во голтките вкусови кои ги нуди квалитетното баровско грозје, а сигурни сме дека по оваа четиво, ќе ви го зголемиме и вашиот апетитот да го посетите овој тиквешки планински предел и да се уверите во квалитетите на нашите „дестилерии амбасадори“.

Оваа четиво ќе ви помогне во одлуката за тоа каде да го организирате вашиот следен семеен настан или еднодневен тим-билдинг, бидејќи како што велиме во Кајак.мк: Барово е нашата Тоскана која допрва ќе се развива.

Помеѓу баровските дестилерии и винарии, се наоѓа и малата семејна дестилерија и винарија која го носи називот „Traikovsky Wines & Spirits“. Трајковски е новата попатна гастро дестинација која од денеска е дел од светот на Кајак.мк, а чија приказна за почетоците и развојот ни ја раскажа Бијлана Трајковска.

Трајковска вели дека она што ги прави горди производители е плод на прадедова традиција од 1922! Квалитетните рецепти кои нивните предци таинствено ги предавале од генерација на генерација, резултирале со официјален печат во 2008-та година кој им го отвора патото кон глобалните пазари, а кој веќе во 2010-та година прераснува во еден глобален бренд кој ја промовира Македонија ширум Европската Унија, САД и Австралија.

Винаријата и дестилеријата Трајковски се наоѓа во еден од најубавите предели во Македонија за кој Билјана вели дека е регион кој го користеле нивните предци. Нивната намера е да останат овде и да продолжат да се водат според старите филозифии, методологии и пракси.

Лоцирана во селото Крњево, оваа мала семејна дистелерија ден-денес работни по традиционалните принципи, користи бакарни казани и рецепти од 1922 година кои наметнуваат двојна и тројна дестилација. Користат грозје кое се користело отсекогаш, бидејќи веруваат дека најдобрите ракии и вина се правеле токму од овие лозови насади кои растат на висорамнините на Кожуф планина до 700 м.н.в.

Денеска, заштитен знак на „Traikovsky Wines & Spirits“ се дестилатите кои важат за најдобрите во Македонија и кои ги пласираат во извоз, а кај нас може да се најдат единствено во специјализирани продавници за алкохол, како и online на интернет страницата на дестилеријата.

Билјана додава дека се особено горди на ракијата Traikovsky која има уникатен „виски“ шмек, а кој е резултат од комбинацијата на шест сорти грозје, а која ракија зрее три години во буриња од Благуњ даб.

Овде се вклучува и вињакот Traikovsky VS, кој е комбинација од 12 сорти грозје и зреен три години во француски даб, а кој вињак е пандан на француските коњаци и доста често на слепи дегустации ги надминува и вињаците од најдобрата француска четворка, додава Бијлана. Што се однесува пак до вината, тие се карактеризираат со богати ароми и свежина.

На пазарот ги имаат „Tribute Темјаника“, која е дефинитвно поразличен стил на темјаника од онаа која повеќето консументи се навикнати да ја дегустираат, затоа што е упорно ароматична на нос, но солидна на вкус и претставува вистинско освежување од вино од сортата темјаника, а се карактеризира со неверојатно привлечни ароми на цвет од бозел, мед и тропски овошја, вели Билјана.

Овде може да го споменеме и „Tribute Розе“, кое е вино со прекрасен карактер, моќно, јако розе од Каберне Совињон кое плени и хипнотизира со своите незаборавни ароми и вкусови на џем од презреана јагода, Мараска цреша и сладолед од портокал.

Како последно вино кое Билјана го истакнува е Вранецот кој ќе биде подготвен за продажба од наредната година, а кој се произведува по теркот на нивниот покоен татко-дистелер.

За да можете да ја почувствувате приказната „на своја кожа“, да уживате слушајќи ја приказната во детали и да го конзумирате рецептот од 1922 година, тимот на Кајак.мк ве информира дека „Traikovsky Wines & Spirits“ има свој прекрасен простор за уникатни седенски и дегустација, дегустација со пикник или традиционален ручек во рурална домашна атмосфера. Сето ова се реализира во самиот двор пред самата винарија/дистилерија под летниковци и сенки од стари ореви и овошки. Дегустацијата може да биде комбинирана со ручек исполнето со домашна храна од локалните бачила, а подготвена во фурната во самиот двор. Ваквите посети не се од отворен тип, туку се реализираат исклучиво за групи со претходна најава и резервација, со избор на понудено мени.

Тимот на Кајак.мк ве советува да го одберете Барово за вашиот следен тим-билдинг кој би бил идеален да се организира во текот на пролетниот или летниот период кога Барово го има своето најубаво лице.

Доколку ви е потребна целосна организација на тим-билдингот од организиран превоз, посета на „Traikovsky Wines & Spirits“ и прошетки низ Барово, чувствувајте се слободни да ни испратите барање со поплнување на формуларот кој ќе го најдете ОВДЕ.

Остави Коментар