СУП и Кајак авантура на Велешко Езеро – ново доживување достапно преку Кајак.мк
500.00 ден
СУП или Кајакарење на Велешко Езеро. Резервирајте ја вашата авантура со испраќање на барање за резервација. Селектирајте го датумот на кој сакате да резервирате и пишете ни за колку лица сакате да резервирате. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор во текот на денот со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Групата треба да биде од минимум 6 до максимум 12 лица во времетраење од минимум 2 часа
- 500 денари по лице за 2 часа
- 1000 денари по лице за максимум 6 часа
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Доколку бараш начин како да се одмориш од секојдневната рутина и да се поврзеш со природата, новата водена авантура на Велешко Езеро е вистинскиот избор. Тимот на Кајак.мк ја препорачува оваа адреналинска тура која сега може да се резервира директно преку нашата платформа.
Ваше е да одлучите дали сакате да кајакарете или да веслате на СУП! Се што ви е потребно за еден убав сончев ден ви се купаќи, капа, наочари за сонце и авантуристички дух.
Турите се реализираат во екот на летната сезона.
На располагање се 12 СУП даски и 3 двосед кајаци, што го прави ова доживување совршено и за индивидуалци и за групи – одлично решение за роденденски изненадувања, прослави, тимбилдинг или викенд авантури со друштво.
Турите се реализираат и предводат од одговорни лица кои при самото изнајмување ви држат кратка обука и секако ви обезбедуваат елеци.
ЛОКАЦИЈА