Мариво – Кањон на Црна Река: 4×4 теренско возило и авантуристичка тура
3,382.00 ден
Возете се со 4×4 теренско возило до кањонот на Црна Река во Мариово и уживајте во пешачка тура низ драматични карпи, кристална вода и нетретирана природа со водич. Кањонот на Црна Река е еден од најдолгите на Балканот со околу 100км и само еден мост на средина на кањонот. За да се реализира турата потребни се минимум 4 учесници. Испратените барања за помала група ќе бидат одбиени.
Вклучено во цена:
- Цена по лице од 55 евра
- Цената може да варира од зависност на бројот на учесници и барањата
- Минимум 4 учесника за да се реазлизира турата
- Транспорт од Битола до почетна точка со теренско возило 4x4
- Водич низ кањонот
- Пешачење по патеките покрај Црна Река
- Попатни станици за фотографии и панорамски погледи
- Истражување на природата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до Битола
- Лични трошоци
- Храна и пијалоци
- Дополнителни активности
Мариво – Кањон на Црна Река
Еднодневна авантуристичка тура по кањонот – природен бисер на Македонија
Локација
Област Мариово, југозападна Македонија – долината на Црна Река, меѓу ридско-планинските масиви на Селечка Планина, Ниџе и Козјак.
Опис на турата
Ова е пешачка и авантуристичка тура низ кањонот на Црна Река, една од најимпресивните природни локации во Мариово. Турата нуди блиска средба со природните форми на теренот и извонредни пејзажи, со стрмни карпи, густи шуми и кристални води. Гостите можат да уживаат во мирот на природата и да го документираат патувањето со фотографии.
Вклучено во турата
-
Водич што ја води турата низ кањонот
-
Пешачење по живописни патеки покрај Црна Река
-
Попатни станици за фотографии и панорамски погледи
-
Истражување на природните форми и околната флора
Активности и доживување
-
Пешачка тура покрај брегот на Црна Река
-
Уживање во природната тишина и звукот на вода
-
Посета на драматични карпести сегменти и речни меандри
-
Фотографски паузи на највпечатливите точки
-
Легенди и приказни за местото од локални водичи
За кого е погодна оваа тура
Турата е погодна за сите што сакаат:
-
Природни убавини без големи гужви
-
Авантура во непресечен ридски терен
-
Мир, тишина и свеж воздух
-
Пешачење со умерена физичка активност
Совети за учесниците
-
Носете удобни и цврсти планинарски обувки
-
Краток ранец со вода и лесен оброк
-
Заштита од сонце (крема, капа, очила)
-
Телефон со наполнета батерија за слики
Зошто да ја изберете оваа тура
Црна Река е природно богатство скриено од главните туристички патишта, со драматични кањони, водени текови и шарм што ќе ви остане во сеќавање. Турата го обединува мирот на природата со авантурата на пешачењето и откривањето.
ЛОКАЦИЈА