Тури со кајаци и SUP: Пештани

Ohrid Цена од:

1,200.00 ден

Контакт за резервација: 070 771 193


Вклучено во цена:

  • 1200 денари цена по лице за SUP
  • 1500 цена за Кајак
  • Цените варираат
  • Турата е со:
  • Посета на заливот на коските
  • Караоке на диви плажи
  • Фотографии
  • Закуска: Чоколада и вода

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата на поаѓање

Посетуваме диви плажи каде на групата и организираме караоке забава

Сакате да го истражувате крајбрежјето на Пештани или пак некоја друга дива плажа покрај Охридско езеро? Од денеска во базата на „Каде Овде“ го додаваме нашиот локален херој Мишко за кој пишувавме минатата година, а кој има доста интересни и забавни тури со кајаци и суп даски.

Мишко е познат по своите тури со кајаци. Кајаците ги изнајмува од Пештани, каде што се наоѓа неговата куќа која е на само 5 метри од езерото. Тој има направено уредно убава плажа која може да ја користат неговите гости и од каде започнуваат турите со кајаци и SUP даските.

Мишко е лиценциран инструктор и водич. Тој вели дека за кајакарење не треба да се има некое претходно знаење и вештина, бидејќи е доста едноставно да се управува со кајаците, за разлика од СУП даските за кои треба да се има претходна обука, а кои обуки ги држи тој самиот.

На пазарот е од 2019-та година која започнува со изјанување на кајаци, а од минатата година изнајмува и СУП даски.

Во моментот располага со 4 дупли кајаци и 4 сипови, што значи дека во една тура може да спроведе и до 12 лица.

Мишко вели дека може да се приклучат луѓе од секаде, нема ограничување. Сите мора да користат појаси, а тој лично им препорачува места кои треба да ги посетат за време на турата.

Турата тргнува од Пештани и најчесто се движи кон Градиште. На почетокот се посетува „Заливот на косните“, се застанува на некоја од дивите плажи каде се организира караоке забава. Понекогаш дел од турите одат и до црквата Св. Богородица Заумска.

Исто така, Мишко нуди и планински тури каде има доста искуство. Организира излети на планина. Турите се со искачување на Магаро како една од поатрактивните тури, а за оние кои не се доволно кондиционо подготвени овде е Велестово, Коњско, Пештани кои се прекрасни дестинации за планинарње. По барање на клиентите се прават тури и низ другите планини во Македонија, како Шар Планина, Кораб, Пелистер и други.

Контакт за резервација: 070 771 193

Остави Коментар