Супер Домаќин
СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

АТВ авантура низ Лешани и планината Мазатар: Доживеј ја природата со адреналин!

Ohrid Цена од:

2,767.00 ден

АТВ тури во Лешани. Турите можете да ги резервирате со испраќање барање за резервација. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте писмена резервација за ваша сигурност и безбедност.


Вклучено во цена:

  • Цените се истаканти во табела во опис

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартна локација

ATV Авантура низ Лешани и планината Мазатар – природа со адреналин

Ако сте љубител на авантури, природа и адреналин, ATV турите кои започнуваат од живописното село Лешани се вистинскиот избор. Сместено во срцето на општина Дебрца, на надморска височина од 1.086 метри, Лешани е опкружено со бујна природа, историски локалитети и спектакуларни планински пејзажи.

Што нудат ATV турите

Турите ве водат низ недопрената природа на планината Мазатар, дел од масивот Плакенска Планина. Ќе уживате во густи шуми, свеж планински воздух и панорамски погледи кон Охридското и Преспанското Езеро. Патеките се внимателно одбрани за да понудат возбудливо, но безбедно искуство, погодно за сите возрасти.

Локации кои можете да ги посетите

  • Манастир „Сите Светии“ – средновековен манастир изграден во 1450 година, духовен и културен центар на селото
  • Пештера „Жмија Дупка“ – лоцирана 2,5 км источно од селото во близина на Бозоеч, интересна за љубителите на спелеологија
  • Археолошки локалитети – Градиште и Думејнчка Горница, кои сведочат за богатата историја на регионот

Времетраење и цени на турите

1:00 – 1:30 ч
45 € (1 лице) / 60 € (2 лица)

2:00 – 2:30 ч
65 € (1 лице) / 85 € (2 лица)

4:00 – 4:30 ч
115 € (1 лице) / 135 € (2 лица)

5:00 – 5:30 ч
185 € (1 лице) / 200 € (2 лица)

Сите тури се водени од искусни водичи и вклучуваат целосна безбедносна опрема.

Возен парк и капацитет

  • 5 ATV возила на располагање
  • Секое ATV може да превезува 2 лица

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар